Дамјан Петрески е основач на единствениот клуб за стоечко веслање во Македонија и цели 10 години работи за промоција на државата и нејзините реки и езера. Низ годините Дамјан со својот тим организира безплатните клиники, SUP обуки и тури со кои ги запознаваат луѓето со овој релативно нов спорт како и убавините на нашата земја.
Дамјан исто така е организатор и на најголемиот настан на Охридското езеро 'Lake Ohrid SUP Crossing' кој прерасна во еден од најголемите и најпрестижните SUP настани во светот на кој светски, европски и национални шампиони доаѓаат да си ја испробаат силата...








