Главно филмско жири на ЕХО 14' / 2023

Почитувана публико, Ви ги претставуваме членовите на жирито, кое ќе ги прогласи победниците од филмската програма, во повеќето натпреварувачки категории од овогодинешното издание на ЕХО:
 
Маја Мухиќ е професорка по културни студии и културна антропологија на Универзитетот на Југоисточна Европа. Таа докторирала филозофија во Скопје, а магистрирала културна антропологија на Универзитетот во Кембриџ, Англија, како и родови студии и култура во Будимпешта. Во својата академска кариера, престојувала и на други реномирани универзитети како Универзитетот во Санта Барбара и на Беркли, Калифорнија. Објавила многу трудови во филозофоски и антрополошки списанија во полето на пост-колонијалната теорија, идентитетските политики, мултикултурни теории и интеркултурни компетенции. Учествувала како визитинг професор и предавач на многу конференции и реномирани универзитетит во Европа, Азија и САД.
Покрај нејзината академска кариера, Маја е длабоко посветена и ја црпи својата креативност и инспирација од природата и од многуте спортови (планинарење, алпинизам, турно скијање/сноуборд, кајт сурф) со кои се занимава со години. Ги има искачено Мон Блан, Арарат, Дамаванд, Грос Глокнер, Мармолада, Триглав, а Шарпланинскиот масив го смета за гравитационен центар на нејзината душа. Има искачувано многу алпинистички насоки низ Македонија, 1000 метарски вертикали во Словенија, неверојатните Доломити и уште многу локалитети во регионот. Длабоко посветена и на турното скијање/сноубордот, има искачено и скијано далечни и неверојатни линии. Вљубеник во кинематографија, учествувала и во дебати, жирија и дискусии на повеќе филмски настани.
 
***
Иво Бару е роден во Битола. Филмска режија дипломира на Националната академија во Букурешт, Романија. По враќањето во Македонија работи како асистент на режија и како дел од организација на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. Ко-сопственик е на првата задруга за органска храна „Добра земја“ и основач на независните иницијативи, културни програми и простори: Автономен културен центар во Скопје (АКСЦ); Дебатно кино „Контра кадар“ во Битола и Скопје; Социјален центар „Дуња“, Скопје; Задруга „Артикултура“, Битола.
Во моментот работи во книжара и се обидува да најде внатрешен мир. 
Обожава да игра друштвени игри.
 
***
 
ДАРКО ПОПОВ Роден во 1979 година во Скопје. Дипломирал на катедрата за Продукција на ФДУ Скопје. Управител на Фокус Покус Филмс. Во 2011 ја завршил ЕАВЕ работилницата. Магистрирал на катедрата Креативна продукција на ФДУ Белград. Сака да се смее, ама сѐ потешко му успева.
 
РАБОТНО ИСКУСТВО:
Продуцент и копродуцент:
М – игран филм, 2023
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА – игран филм, 2022
НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ - игран филм, 2022
МОЕТО ЕЗЕРО – игран филм, 2020
ВЕРА – краток филм, 2019
ПИЈАВИЦИ – игран филм, 2019
ТЕАТАРОТ НА СКУПИ – документарен филм, 2019
ГОДИНА НА МАЈМУНОТ – игран филм, 2017
ПЕПИ И МУТО – краток филм, 2015
ПЕШТЕРАТА – краток игран филм, 2014
КОН ВРВОТ – ТВ документарен филм, 2014
ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ – игран филм, 2011
СОСТОЈБА НА ШОК – игран филм, 2011
ОДЛУКА – 8 мин. едукативен филм, 2010
 
Директор на филм и организатор:
ЏГАН – игран филм, 2015
ПЕТАР ПОП АРСОВ (50’) – ТВ документарен филм, 2014
ИСТОРИСКАТА ПОЗАДИНА НА ПРОТИВЕЊЕТО...(4 еп.по 50’) – ТВ серијал, 2014
ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (50’) – ТВ документарен филм, 2014
ЧЕРЧИЛ И МАКЕДОНИЈА (50’) – ТВ документарен филм, 2014
Д СКОПЈЕ – омнибус, 2009
NORMAL (ANGEL’S GONE) – игран филм, 2008
ДОМА – документарен филм, 2007
EAST, WEST, EAST – игран филм, 2008
СЕЌАВАЊА – документарен филм, 2004
 
Менаџер за локации и асистент на менаџер за локации:
A FOND – игран филм, 2015
ROMANCE IN THE DARK – игран филм, 2008
ИСКУШЕНИЕ – краток филм, 2007
TIME OF THE COMET– игран филм, 2007
СЕНКИ– игран филм, 2006
ММЕ... кој прв почна – ТВ серија, 2002
 
Асистент на продукција и координатор во сектор костим:
ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ – игран филм, 2012
БАЛ КАН КАН– игран филм, 2003
МУЛТИЛЕВЕЛ – ТВ филм, 1999
 
Транспорт менаџер:
BALKAN NINNISI - ТВ серија, 2022
СВЕДОК - игран филм, 2014
ДО БАЛЧАК – игран филм, 2014
ЗА БАЛКАНОТ – ТВ серија, 2012

Партнери

Поддржано од

Член на: