Жири за најдобар ску/сноуборд филм


? Ви ги претставуваме членовите на жирито за најдобар ски/сноуборд филм:

Сања Спасовска - поранешна репрезентативка во сноуборд репрезентацијата на Македонија, стравствен љубител на планините и природата и сноуборд инструктор. Од рана возраст започнува прво со скијање, а потоа сноубординг и на прв спуст се заљубува во спортот кој потоа и станува начин на живот.
Бележи исклучителни резултати на меѓународни натпревари како и на Светски куп во дисциплините слалом и велеслалом.
По професионалната кариера се посветува на тренирање на нови таленти и кондициски подготовки на идните сноубордери.

Марко Дарков - All around вљубеник во планините и природата, сноубордер, планински водич и cat driver. Роден и пораснат под пазувите на Баба Планина, па така од најрана возраст започнува да се занимава со зимски спортови, од кои најмногу го привлекува сноубордингот и започнува посериозно да се занимава со спортот. Има настапувано на меѓународни натпревари како дел од македонската репрезентација во фристајл дисциплина, а потоа работи како тренер и судија.

Борјан Јованоски - Професионален тандем пилот, фотограф и планински ски водич. Роден во Прилеп, во спортска фамилија на пилоти параглајдеристи, во гените му е врежано летањето и сосема природно започнува да се занимава професионално со параглајдинг во повеќе дисциплини, каде што забележува сериозни светски резултати. Фотографијата и скијањето доаѓаат подоцна кога почнува да води ски тури каде што пронаоѓа нова пасија за фотографирање на природата, планините и луѓето кои ги уживаат природните богатства.

? Секоја година имаме исклучително квалитетни филмови на оваа тема, па така и годинава и знаеме дека нема да имаат лесна работа - и им благодариме.

Партнери

Поддржано од

Член на: