Вести

Работилница за заштита на пештери и лилјаци - “Урсус спелеос“

Едукативна работилница за заштита на пештери и лилјаци - Истражувачко друштво “Урсус спелеос“ 

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, континуирано во текот на изминатите години, ја поддржува иницијативата за организација на Фестивалот на планински филм Ехо, преку кој на „обичниот човек“ му се доближува убавината на планините, природата, а секако и на пештерите. Оваа година, решивме дополнителнително да ја прикажеме спелеологијата и пештерите на присутните од најразлични возрасти и да ги запознаеме со подземните убавини на Македонија.

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и неговите членови ќе бидат присутни на фестивалот преку:
1. Информативен штанд со опрема: на информативниот штанд, сите присутни ќе имаат можност да се запознаат со комплетната спелеолошка опрема (индивидуална и колективна) за истражување на пештери, како и за безбедна посета на пештери;
2. Работилница за заштита на пештери и лилјаци наменета за возраст на деца од градинка и основно училиште - едукативна работилница за запознавање со карстот, пештерите во Македонија, пештерите во Националниот парк Галичица, лилјаците но и нивна заштита, вклучително играње на интерактивни „board игри“ наменети за деца на возраст од градинка и основно училиште.

Повеќе инфо за работилницата за деца:
Термин на одржување: 22ри септември (четврток), 17 часот, МКЦ
Возраст: 6+ годишна возраст
Пријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Работилницата е со ограничен број на учесници.
Прв пријавен - прв примен.

Партнери

Поддржано од

Член на: