Вести

Конкурс за најдобрo кратко видео

ЕХО Фестивалот на планински филм заедно со Prosport Skopje организира КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО КРАТКО ВИДЕО на 9тото фестивалско издание кое ќе се одржи од 19-23ти Ноември 2018та.

Конено доаѓа времето кога треба да ја искористите вашата креативност и снимен материјал и да аплицирате на овој конкурс, и да се обидете да ја добиете наградата GoPro HERO 2018.

Потребно е вашиот веќе снимен материјал да го истурите во програма за монтирaње, да смислете приказна односно сценарио и да следите претходно замислен тек, да смислите наслов, вовед и одјава на материјалот, посолете и мешајте со музика, може по избор да се додаде и малку текст или снимен говор во зависност од вкусот кој го имате. 
Да се сервира во форма на краток филм/видео од 1 минута па се до 5 минути за големи и гладни гурмани, количината кај овој специјалитет не е важна, туку содржината и квалитетот на сервираното.

Крајниот рок за пријавување на зготвениот материјал е до 15ти Ноември 2018 година.

Од сите пријавени видеа, ќе бидат селектирани дел од најдобрите кои ќе влезат во финалето и ќе бидат проектирани за време на фестивалските вечери а од страна на официјалното жири ќе биде прогласен победникот.

Фестивалот ЕХО не е обврзан да ги прикаже сите видеа.
Prosport Skopje се погрижи и овој пат победникот да си отиде дома со една нова камера GoPRO HERO 2018.

Пријавување и повеќе информации на videokonkurs@ehofilmfest.mk

Конкурирање:
Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со повеќе видеа, но само со едно кратко видео да учествува во потесниот избор за награда и проекција во кино за време на фестивалските денови, и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: videokonkurs@ehofilmfest.mk

Апликација:
Покрај краткиот филм, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на краткиот филм, а по желба на авторот - и краток опис за краткиот филм со кој аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата работа. Филмот препорачливо е да биде испратен преку канали како: FTP server, wetransfer, dropbox, googledrive..

Тек на конкурсот: 
Од сите апликации ќе се одберат најдобрите и дел од тие ќе бидат проектирани за време на фестивалот. Од нив официјалното жири на фестивалот ЕХО ќе го прогласи победникот.

Забелешка:
Ќе бидат земени во предвид само апликациите кои претходно не учествувале на други конкурси и за кои авторот ги поседува сите права.
Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, да располага со краткиот филм и да го користи за објавување на Фејсбук профилот, youtube и vimeo каналот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, при објава на нови конкурси и разни други свои маркетинг и комерцијални цели.

Фотографија: Marjan Petkovski

Партнери

Медиуми