На работ на небото

„На работ на небото“, Џанандреа Карпанцано, Италија, 2020, 8’

Тројца млади планински тркачи се нафаќаат на предизвикот да ја трчаат патеката на Креста дела Вале Строна – патека која е 60 километри во должина, со 5500 метри качување и која е лоцирана над езерото Орта, во северна Италија. Овој документарец го следи нивото 12-часовно трчање, од 4 часот наутро, до 4 часот на пладне – прикажувајќи ги нивните емоции при тешките качувања и стрмни симнувања, како и фантастичните планински пејзажи. Целта на филмот не е само да прикаже одреден предизвик, туку и пријателството кое ги поврзува овие млади атлети, како и посветеноста која ги води кон споделување на оваа авантура и нивната љубов кон својата земја. Тие ја посветуваат оваа нивна авантура, во сеќавање на нивен пријател кој прерано починува – кој претходно веќе ја има поминато патеката која тие сега сакаат да ја поминат.


Поддржано од:

Спонзорирано од:

Член на: