Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

Ана Фигура (Полска) - Презентација за Татрите

Во 2017 година, имавме гостинка од Полска: Ана Фигура! Таа е светски и европски шампион во ски алпинизам, повеќекратен медалист на Светски куп, Полски куп и 4 пати учесник на Пјера Мент натпреварот во Франција. Таа исто така е и одличен ултра тркач со забележителни учества во многу познати трки. Во 2015 година, Ана го постави женскиот рекорд на трката на Елбрус (истрча до врвот (5642м) за 4 часа и 22 минути), а исто така и на Мон Блан (4810м) – за 5 часа 16 минути. Ана покрај своите искуства во светот на трките (ски и трчање), ни ги претстави и полските Татри – можностите за уживање во нив: качување, планинарење, турно скијање, планинските домови и засолништа... Но, секако и други планини во кои најмногу ужива и се развивива како спортист во Полска! Родена во 1990 година во Закопане, таа порасна во националниот парк каде работи нејзиниот татко како шумар. По завршувањето на студиите за шумарство на Факултетот за земјоделство во Краков, таа денес работи во Националните Шуми во Шавница (60км од Закопане), но исто така и како водич во Татрите и ски инструктор. Имавме можност да се дружиме со девојка која својот живот го посветува на планините, а нејзиното гостување го реализиравме со поддршка од Амбасадата на Полска и Solun Hotel & Spa!

Партнери

Поддржано од

Член на: