Минатата (2025) година, се потсетувавме преку филм и книга, на дел од активностите на нашиот за жал прерано заминат пријател, Слободан Трајковски, човек кој што ја сакаше Македонија, ја шеташе и истражуваше и споделуваше за своите искуства, користејќи го при тоа често зборот „Македонствуваме“.
Токму таа негова љубов и посветеност, посебно нè инспирираше но и не' потсети на некој начин, дека треба да почнеме да оддадваме признание, на поединци и институции, кои пасионирано и вредно во своето поле - го работат истото...
„За инспирирање повторно вљубување во Македонија, истражување и уживање на сите нејзини откриени и сокриени богатства, грижа и заложби за нивна заштита, како и разгорување на љубовта кон природата и планините кај новите генерации.“
До крајот на 2025 година имаат опфатено скоро две третини од сите населени места (села) во Македонија. Истовремено ги имаат фотографирано 52% од сите цркви кои се документирани во Македонија, како и над 55% од сите основни училишта...
Македонско Еколошко Друштво повеќе од пет децении посветено работи на заштитата на природата и унапредувањето на екологијата во Македонија. Нивната вредна работа, ја темелат на следната визија, мисија и основни цели:
Александар Видиновски е човек кој ја користи секоја својата можност да биде гласен и да застане во името на сите нас, во името на Македонија - „популаризирајќи“ ги проблемите што нè засегаат, а за кои понекогаш не зборуваме доволно, а понекогаш за жал сме и сосема неми. Со својата активност тој стана гласноговорник за нашето општо добро, покривајќи многу сегменти од нашето живеење, вклучувајќи ја тука секако и грижата за природата и нашето поблиско и подалечно опкружување. Потсетувајќи не' сите за работите што ги гледаме, а „не ги гледаме“, и изнесувајќи го на виделина она што не го знаеме, а треба да го знаеме - придонесувајќи во голема мера за подигање на свеста кај сите нас и кај институциите...
Визијата на МЕД е граѓаните од Македонија да ја ценат и негуваат природата, ја заштитуваат животната средина и да се стремат кон економски развој кој се заснова на принципите на одржливост.
Мисијата на МЕД е да ја заштитува природата и животната средина преку зголемено знаење и граѓанска вклученост.
Основните цели: Промовирање на екологијата како наука, Заштита и унапредување на животната средина и природата, ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование и Промовирање на принципот на одржлив развој...
МЕД со трошка од својата обемна работа се присутни на ЕХО и веруваме дека ќе се согласите дека со ова признание - тоа е најмалку нешто што можеме да направиме за да искажеме благодарност како заедница, за нивната работа во овие 50+ години.








