Спелеонуркачки клуб Врело
Ни претставува голема чест, што ќе можеме да го отвориме фестивалот во понеделник, со нешто многу големо и нешто толку ново и важно за сите нас: членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, ќе ни споделат многу повеќе детали околу целата експедиција за време на која беше постигнат светски рекорд на достигнување на најдлабока подводна пештера која ја има истражено човек – пештерата Врело, на Матка, во нашата сакана Македонија.
„How deep is your love”, Гоце Димитриевски ни кажа било мотото на меѓународната експедиција, во која покрај Македонци учествуваа и Полјаци и Италијанци – и верувајте се работи за исклучително комплексен проект, за кој навистина љубовта требало да биде длабока, за да се постигне најдлабокото нуркање во пештера во светот!
Исклучително сериозна експедиција, со голем резултат – со многу фото и видео материјал, кој допрва трба да се разгледува и емоции кои допрва треба да легнуваат.








