Вести

Главно жири на ЕХО #17 / 2026



Драга публико,
Со задоволство ви ги претставуваме членовите на главното жири, кои ќе ги изберат добитниците на наградите во главните натпреварувачки категории на 17-тото издание на Фестивалот на планински филм ЕХО, вклучувајќи ги Гран при наградата, наградата за Најдобар долгометражен филм и наградата за Најдобар краток филм.
 
Игор Христов е  филмски режисер и сценарист. 
Дипломирал режија на Националната академија за театарска и филмска уметност (НАТФИЗ) во Бугарија. Автор е на повеќе краткометражни и документарни филмови, меѓу кои „Сопри ја Колата“, „Глуварче“, „Ова е нејзината приказна“ - филмови, кои биле прикажувани на меѓународни фестивали во Сараево, Кустендорф, Софија, Монтереј и Олденбург; 
 
Фабио Џаноти е роден во Торино, Италија. 
Тој е режисер и автор на иновативни културни проекти. Долги години соработува со Силвија Бонџовани, со која во 2007 година го основал „Космоки“ (Kosmoki).
Во периодот од 2006 до 2018 година, продуцирал шест документарни филмови, прикажани на бројни национални и меѓународни фестивали, каде што освоиле и значајни награди. Соработува со различни рекламни агенции, за кои продуцира корпоративни и институционални рекламни видеа. Од 2021 година е задолжен за официјалната видео-комуникација на Регионалниот совет на Пиемонт.
Соработува и со РАИ, италијанскиот јавен радиодифузен сервис, за кој подготвува прилози за националните информативни програми и документарни филмови за емисии како Leonardo, Mediterraneo, Tg2 Dossier и Tg2 Storie.
Тој е основач и директор на фестивалот „Нуови Монди“ (Nuovi Mondi Festival) – неговиот главен животен проект, познат како „најмалиот планински филмски фестивал во светот“;
 
Сара Гил е значаен член на управниот одбор на фестивалот „Куп Икар“ (Coupe Icare). 
Од 2012 година е и член на филмската комисија, како и на селекциската комисија на фестивалот, за која ги преведува и филмовите од натпреварувачката програма.
Таа е пилот на параглајдер веќе 35 години и претседава со Финансиската комисија на Француската федерација за слободно летање (FFVL).
Сара отсекогаш била страствено поврзана со планините и со задоволство ја споделува својата љубов кон нив преку филмот.

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: