Вести

Презентација: Ултра долги велосипедски трки без поддршка.

Во четврток, презентација за дел од своите искуства на ултра-долгите велосипедски трки во кои до сега учествуваше, ќе одржи членот на нашиот тим, Игор Талевски.
Презентацијата е со наслов: “Ултра долги велосипедски трки без поддршка".

За презентацијата:
Како после 20+ години мантрање „Качување, качување, качување...“, одеднаш од никаде - во светот на асфалтот. Внатрешниот, себе-надминувачки оган, во последните 3 години, го носи Игор на две тркала преку Хрватска, преку Европа, околу Холандија и оваа година - преку Америка. Преку оваа презентација, ќе имаме можност, на кратко да се запознаеме со повеќето аспекти на овие трки и дел од доживеаните искуства во нив.

Партнери

Поддржано од

Член на: