Водичот, Алекси Лиоти, Канада, 2025, 30’

Водичот на Мет Ган од 2005 година, „Прошетки во југозападна Британска Колумбија“, помогна една цела генерација планински ентузијасти да се запознае со планините долж т.н. коридор „Од океанот до небото“ во Британска Колумбија. Речиси две децении подоцна, додека работи на долгоочекуваното продолжение, Мет се враќа на маршрутите што го обележаа наследството на книгата – повторно ги минува старите патеки, воспоставува нови и размислува за влијанието на својата животна работа.

Но, документирањето на пристапот до дивите природни подрачја носи и последици.

Како што популарноста на планинарските тури расте, Мет се соочува со сè потешко прашање: каква одговорност носи објавувањето информации што можат да ги одведат луѓето во прекрасни, изолирани и опасни предели?

Сместен во драматичниот амбиент на Крајбрежните Планини во Британска Колумбија и со согледувања од спасителната служба во Сквамиш, „Водичот“ е портрет на човек кој се соочува со ненамерните последици од животната страст. Низ патувањето на Мет, филмот ги истражува ризикот, одговорноста и етичката тежина на тоа да им ги предадеш на другите - клучевите од прекрасните, но и опасни планински кралства.

Биографија на режисерот – Алекси Лиоти

Алекси Лиоти е канадски режисер на документарни филмови и член на Здружението на режисери на Канада. Во својата работа ја истражува поврзаноста меѓу луѓето, местата и природата. Преку изразен визуелен пристап, неговите филмови ги обработуваат темите на одговорното управување со природата, културниот идентитет и односот што постојано го градиме со пејзажите во кои живееме.

Неговите филмови се реализирани со поддршка на организации и брендови меѓу кои се ORTOVOX, Arc'teryx, The North Face, Red Bull и CBC. Со седиште во Британска Колумбија, Алекси го користи пејзажот како призма низ која ги истражува пошироките прашања за одговорноста, грижата за природата и нашиот однос кон природниот свет.

Режисерска изјава

Како и многу други, и јас ја открив книгата „Прошетки во југозападна Британска Колумбија“ уште на почетокот од моето сопствено патување во планините. Таа ми го отвори погледот кон неверојатниот пристап до планинските предели што постои веднаш надвор од Ванкувер и суштински го промени мојот однос кон пејзажот околу мене.

Она што ме привлече кон овој филм, сепак, не беше само влијанието на водичот, туку прашањето што се наоѓа во неговото средиште. Секој водич, карта, фотографија, филм или објава на социјалните мрежи што ги поттикнува луѓето да посетат диво природно подрачје носи и можност и последици.

Преку приказната на Мет, сакав да ја истражам одговорноста што ја носи споделувањето информации за пристап до прекрасни, но опасни места. На крајот, „Водичот“ е филм за соочувањето со сложената реалност што произлегува од нашите постапки и за одговорноста што ја носиме кога тие постапки влијаат врз изборите на другите.

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: