
Зад пласманите на подиумот на Сибил и Лијам на Freeride World Tour стојат години заедничко возење. Скијач и сноубордер. А што ако нивното пријателство ни покаже колку самите себе се откриваме и изградeуваме преку другиот?
Биографија на режисерот – Лукас Костес
"Мојата цел при создавањето филмови е да се доближам до стилизирана реалност. Тоа е многу повеќе од едноставно опишување: секоја приказна ја пренесувам преку едноставни, но интензивни емоции. Сакам на гледачите да им овозможам да побегнат од секојдневието, да научат нешто и целосно да го доживеат секој момент преку визуелен и аудитивен јазик кој одекнува и го допира срцето.
Како спортист, се стремам кон совршенство во движењето.
Филмот се раѓа од тимската работа и мноштвото емоции – токму тоа ме фасцинира!"








