Пронаоѓање на Мор, Стив Смол/Шарлот Воркман, Велика Британија, 2025, 77’

Истражување. Заедница. Откривање.

Шкотска сè уште ги крие своите мистерии, кои одекнуваат низ оддалечените долини, а понекогаш се скриени и пред нашите очи.

Филмот следи група кањонисти во текот на две години, додека тргнуваат на патување на истражување на скриените предели на Шкотските висорамнини.

Филмот нуди уникатна перспектива одвнатре во релативно непознатата, мала заедница и ги открива многубројните мотиви што ја поттикнуваат оваа страст кон љубопитноста и истражувањето.

Тргнувајќи во потрага по неистражени кањони, тие откриваат вистинска авантура и поврзаност – со луѓето и со местото.

„Доаѓаш поради кањоните, но остануваш поради луѓето.“

Изјава на режисерот

Нашиот дебитантски филм, е првиот документарен филм за кањонинг од Велика Британија.

Една од главните лични причини за создавањето на филмот беше да и' дадеме глас на дел од заедницата на љубители на активности во природа, која толку топло ме прими и ми даде вистинско чувство на припадност, а чии приказни ретко се раскажуваат.

Сакав да ја доловам суштината на таа гостопримлива заедница и да оставам отворена врата за секој што трага по авантура и поврзаност.

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: