Коегзистенција, Томас Жилиен, Франција, 2025, 59’

Овој филм нè носи во срцето на приказната за еден млад биолог воден од силна желба: да открие дали сточарството и големите предатори можат да коегзистираат. Патувањето се одвива во Патагонија, територија интензивно искористувана за сточарство, но сè уште населена со пуми, што создава конфликт со сточарите...

Слично како ситуацијата со волците во Европа, пумите понекогаш напаѓаат домашни животни за да се прехранат. Преку средби со сточари и научници, режисерот ги документира можните решенија за воспоставување хармонична коегзистенција. Овие средби се исклучително поучни - иако ситуацијата е далеку од совршена, во тек се многу ветувачки проекти, како што се употребата на овчарски кучиња, светла за одвраќање и мазги, со цел пумите да се држат подалеку без да бидат убивани.

Дополнително, сертифицирањето на сточарите и развојот на туризмот, помагаат финансиски да се надоместат загубите предизвикани од пумите, а истовремено придонесуваат кон помирен однос со дивиот свет.

За подобро да ја разбере оваа ситуација, режисерот одлучува да го помине овој регион со велосипед, што му овозможи голема слобода на движење. Овој начин на патување донесе и свој дел од авантурите. Помеѓу снежните бури, силните ветрови и дефектите на опремата, неговата издржливост беше ставена на голем испит.

Овој филм, кој ги спојува научниот документарец и авантурата, има цел да ги поттикне гледачите да размислат за влијанието на нашиот начин на живот врз дивиот свет. Тој го истакнува постоењето на решенија за ублажување на ова влијание, како и клучната важност од заштитата на големите предатори.

Истовремено, филмот нуди целосно нурнување во прекрасниот регион на Патагонија. Подгответе се за патување во срцето на една дива авантура што ги обединува заштитата на животната средина, личната издржливост и контемплацијата...

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: