Ова е документарен филм, што го следи патувањето на швајцарскиот даунхил скејтбордер, Фабио Миних, во неговата потрага по слобода по некои од најспектакуларните патишта во Европа. Во текот на три години, тој и режисерот Зими Да Кид патуваат низ три земји, со цел да документираат нешто многу повеќе од самиот спорт: човечка авантура водена од страст, ризик, сомнеж и истрајност.
Филмот е во најголем дел самофинансиран од Фабио Миних и Зими Да Кид и е резултат на долгогодишна посветеност, пожртвуваност и решителност, нивната визија да ја претворат во реалност.
Спојувајќи ја брзината, спектакуларните предели и моментите на внатрешно преиспитување, „Нескротен“ истражува што ги поттикнува некои луѓе да ги следат своите соништа без оглед на цената.








