Камен, Хартија, Молив. Уметноста во топо-скиците, Џон Еранс Ернандез, Шпанија, 2025, 45'

Овој документарен филм го следи процесот на создавање на книгата и изложбата „Уметноста во топо-скиците за качување“. Низ погледот на алпинистите и уметниците, документарецот ја истражува тензијата помеѓу практичната употреба и креативноста што се среќава во топо-скиците за качување. Вертикални мапи кои не ги исцртуваат само невозможните насоки, туку и соништатa и авантурите... Од првите едноставни скици до сложените современи цртежи, ја откриваме еволуцијата на овие уникатни документи и нивното влијание врз истражувањето на непознатото.

Биографија на режисерот — Џон Еранс Ернандес

Роден е во Гечо (Бискаја, Шпанија) во 1980 година и отсекогаш бил љубопитен за приказните, особено за оние што се раскажуваат преку аудиовизуелни медиуми. Во почетокот на 2000-тите, по завршувањето на универзитетските студии по новинарство, започнал да експериментира со фотографијата како начин за раскажување и пренесување приказни. По неколку години истражување на можностите на фотографијата, се свртел кон видеото и открил дека тоа е неговиот идеален медиум. Меѓу позначајните остварувања во неговата кариера се документарните филмови Sukut, El silencio de la memoria (2010), La plataforma (2012), Sikyong (2014), Novato (2014), Panaroma (2015), Volta (2021), а сега и Harri, Orri, Arkatz (2025). Шеснаесет награди и повеќе од 60 официјални селекции на меѓународни филмски фестивали - сведочат за неговата кариера како режисер и документарист... Во моментов работи како продуцент во ББК Менди Филм Билбао-Бискаја.

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: