„Торино Торино“, Бернадет Вебер, Италија, 2025, 46'


Како и сите години до сега, дел од репертоарот на Ехо, се и филмови кои не се „чисто планински“ - кои својата инспирација ја црпат секако од врската на човекот со природата, но се пред се' и приказни кои го носат факелот на истражувачкиот и авантуристички порив кај човекот. Такво е и ова дело: „Торино Торино“ на Бернадет Вебер.

Во 1950-тите години, Валентино и неговиот најдобар пријател, станаа првите Италијанци кои со велосипед го обиколија светот — авантура која целосно ги промени нивните животи

. Децении подоцна, по смртта на Валентино, неговото семејство открива стотици фотографии, нудејќи редок поглед кон одамна исчезнат свет.

Дел од изјавата на Бернадет: „Во летото 2010 година, ја реализирав мојата „голема велосипедска авантура“: тогаш, на 23-годишна возраст, заедно со мојот пријател Алесандро, со велосипед патувавме од Австрија до Сирија, само неколку месеци пред да избие војната. За мене тоа беше неповторливо искуство и со гордост се нарекував себеси „ciclista“ со срце и душа. Кога Алесандро, една година подоцна, дозна за Валентино и неговата приказна, едноставно морав да го запознаам. Отпатував до Торино и со помош на уште еден пријател, снимив двочасовно интервју со него.

Тоа беше разговор што раздвижи нешто во мене. Валентино беше восхитувачка личност: пријатен, духовит, речит, мудар, но пред сè — уникатно скромен. Знаев дека морам да направам нешто посебно со материјалот што го имав снимено, но не бев сосема сигурна што...

..Одеднаш тоа повеќе не беше само неверојатна приказна од минатото и за еден човек, туку приказна што му припаѓаше на целото семејство, врз кое Валентино имаше особено влијание и од кое беше бескрајно сакан. Затоа решив дел од приказната да ја раскажам низ нивните очи.

Овој филм е посебен проект за мене. Во времиња на геополитички, културни и еколошки кризи што го потресуваат светот и ги доминираат медиумите, приказната на Валентино е една од оние кои постојано ме потсетуваат на нешто едноставно, полно со надеж и — верувам — суштински човечко: поривот да се открива и разбира, важноста на пријателството и семејството и вечната потрага по убавина во нашиот живот.“

Партнери

Поддржано од

Член на: