На тенок мраз

„На тенок мраз“, Хенри М. Микс/Боас Шварц (Германија), 2020, 52’
Русија. Околу две третини од Арктикот и припаѓа на најголемата земја во светот. Само Сибир има големина како Австралија. Огромно парче земја, врамено во замрзнати мориња. Големи делови од северна Русија без забранети за пристап со децении. За прв пат, научници од целиот свет, започнуваат да ја истражуваат оваа огромна област и тоа што го откриваат е алармантно. Огромни кањони и „мега одрони“ се случуваат таму каде што порано имало бескрајни шуми. Огромни слоеви мраз се растекуваат и откриваат остатоци од античката сибирска мега фауна. Стотици страшни дупки испуштаат метан од длабочините и тоа има 80 пати посилен „грин хаус“ ефект од јаглеродниот диоксид. Реките ги губат водите и големи дини во овие суви речни корита, прават централен Сибир да заличува на Сахара. Шумските пожари се движат преку тајгата секоја година и некогаш замрзнатиот Северен премин - станува минлив. Идината на многу животни видови е ставена во прашање. Дивите ирваси ја менуваат својата годишна миграција. Очајни по храна, поларните мечки навлегуваат во селата, па дури и во градовите. Репродукциското ниво на ретките арктички галеби драстично опаѓа...
Последно и не помалку важно, животот на номадите кои чуваат арктички ирваси - скоро непроменет со илјадници години, сега е под притисок. Нивниот живот буквално се топи. Во рускиот Арктик, климатските промени повеќе не се прашање. Тие се случуваат - сега и со загрижувачко темпо. Научниците велат дека моментот на пресврт е случен поред повеќе години. Сега, Пандорината кутија веќе е отворена. Судбината на луѓето и дивиот свет се во опасност во целиот Арктик.
Обземачки фотографии и приказни од една од најизолираните области во светот!

Партнери

Поддржано од

Член на: