„Денови поминати надвор!“, Франц Валтер, Германија, 2020, 40’
Филм на австрискиот младински алпинистички клуб, за слободата, самодовербата и здравото превземање на ризик.
Овој 40-минутен документарец одговара на неколку прашања: Како децата, тинејџерите и нивните родители, учат да се справуваат со ризикот? Колкав простор ни е потребен, колкава самостојност и слобода – за да можеме да научиме како да бидеме одговорни?
Филмот покажува дека овие денови поминати надвор, се токму тие кои не’ оформуваат, не’ учат , прават да размислуваме и плачеме – ни помагаат да растеме.