Со велосипед и кајак: Алпи

„Со велосипед и кајак: Алпи“, Олаф Обсомер, Германија, 2021, 28’

Наградуваниот режисер, Олаф Обсомер и неговиот тим, во јули 2020 година, патуваат од река до река преку главниот гребен на Алпите, секогаш во потрага најспектакуларните брзи реки.
Секому му е добро познато чувството кога ќе постигнете нешто со сопствен труд. Независно дали се работи за искачување на некоја планина, трчање на некој маратон или долго очекуваното пиво во дворот, по долга велосипедска трка. Едноставно сте среќни и исполнети.
Оваа филозофија стои и зад проектот „Со велосипед и кајак“. Имано, користејќи ги само своите нозе, четворица кајакари, Олаф Обсомер, Јенс Клат, Адриан Матерн и Брен Ортон – се искачуваат кон бисерите на Алпите со велосипед, со што брзото симнување по дивите води станува уште поинтензивно искуство.

Порака за климатски неутрално патување!
Сепак, во исто време, спортистите сакаат да реализираат и други цели. Додека вообичаено летаат насекаде по светот во потрага по диви води – овој пат тие сакаат да покажат пример за климатско неутрално патување. Полека, секако без џет-лег, тимот ужива во убавините на локалните Алпи. На велосипед имаат и доволно време да се процесираат добиените импресии, но и да ја доживеат земјата и луѓето – од блиску.

Проектот
Тимот беше на пат три недели: на седло и во кајак. Од горната баварска долина на Ин, тие патуваа околу 700 километри и искачија 8000 метри низ Салцбург, под Глосглокнер во источен Тирол, кон Сталер во јужен Тирол и преку Тимелсјох... По тој пат тие педалираа низ дел од најдобрите класици – секции со диви води во тие делови на Алпите, како на пример познатиот Лофер кањон, Исел, Деферегенбах водопадите, Рајнбах, Пасие низ Мерано и последно, а не најмалку важно – моќната река Ец.
Се’ што им беше потребно, тие го транспортираа на своите велосипеди: кајаците, веслата, сета опрема – беа на приколката за велосипед. Исто така и шаторите, вреќите за спиење, облека и храна – тие беа на торбите на велосипедот.
Момците веќе имаат претходни вакви искуства: во 2012 година тие беа на слично вакво патување во Норвешка, а една година подоцна, патуваа околу 2000 километри со 22000 метри качување, од Кан до Венеција, преку Алпите...

Партнери

Поддржано од

Член на: