Се’ има граница, само мола-мола не

„Се’ има граница, само мола-мола не“, Силвиа Екерман/Гералд Неслер, Австрија, 2021, 30’

Ова е еколошки, филмски мјузикл, во кој природата глуми и зборува на многу јазици. Моќно излегувајќи на површина од микро и макрокосмичките слоеви, таа бучи низ водата како извор на животот, а одекнува како експлоатиран ресурс. Нејзиното ехо доаѓа од рововите на еден превртен свет и зборува низ човечко битие. Навраќајќи се низ еколошко-културолошки длабочини, слики, звуци и асоцијации се појавуваат на светлината, давајќи форма на визијата на човештво во склад со природата.

 

Партнери

Поддржано од

Член на: