Волшебната планина

„Волшебната планина“, Ејтан Ефрат/Даниел Ман, Белгија, 2020, 68’

 Овој филм се фокусира на три локации во Европа, каде во земјата се ископани тунели, каменоломи  и пештери. Овие точки на контакт, каде земјата е вознимирена и алатките овозможуваат вертикален пристап до подземјето, се локалитети на шпекулативно знаење од кое се извлекуваат, а потоа циркулираат разни верувања, имагинации и неофицијални историски анегдоти. Со истражувањето на овие локалитети, со овој филм се допира незаситливата желба за добивање природни ресурси од почвата, но уште поважно и разни нивоа на знаења, чувства и гледишта кон светот.

Партнери

Поддржано од

Член на: