Животни на границите

"Животни на границите“, Корнелија Фолк (Германија), 2019, 44'
Во 1989 година, падна железната завеса помеѓу Истокот и Западот. Нов простор се отвори за луѓето и животните. По бегалската криза во 2015 година пак, ѕидовите и оградите повторно се вратени, затворајќи го Северот од Југот, разделувајќи ги веќе фрагментираните мали живеалишта на загрозените видови. Тие се во спротивност на Европските закони и ставаат во опасност повеќе пан-Европски конзерваторски напори.
Како тој за динарскиот рис. Во мај 2019 година, „Дору“ и „Гору“, два мажјаци од Романија, пуштени се на слобода за да го освежат генетскиот материјал во Хрватска и Словенија. Дали тие ќе најдат територии и партнери во новата, заградена територија? А што е со желите во бугарските планини? Дали тие имаат шанса да преживеат соочени со старите и новите огради?
Ова се прашања на кои одговор бараат истражувачи од Хрватска, Словенија и Бугарија. Но и во Мексико исто така. Таму конзерваторите ги следат активностите околу растечкиот ѕид помеѓу Аризона и висорамнините на Сонора. Восхитувачкото враќање на дабарите и јагуарите е ставено под ризик да дојде до целосно и моментално запирање.

Партнери

Поддржано од

Член на: