Презентации на МАФ



Ехо – Планинскиот Филмски Фестивал, заедно со Македонската Алпинистичка Федерација (МАФ)
на 5-ти февруари 2014 година организираа презентации за дел од активностите реализирани во
текот на преходната година од страна на македонските алпинисти. 

Настанот се одржа во џебното кино во МКЦ во Скопје. Дел од програмата беа презентации за:
балканската алпинистичка средба која се одржа во Демир Капија, искачувања на карпа
направени во Бугарија, Грција и јужна Италија, искачувања во зимски услови (мразеви и микс
насоки) во Бугарија, турно-ски тура во Тетоните во САД итн.

Сите вљубеници во природата и планините имаа можност да уживаат во вечернo дружeње со
македонските алпинисти кои преку своите презентации не’ однесоа на неколку локалитети и
прикажаа дел од своите активности.

Тоа беше исто така убава можност за сите кои сакаат да почнат да учат алпинизам, да се
запознаат со работата на клубовите и да добијат информација за следните курсеви.