Луѓе како нас



"Луѓе како нас" - Ден посветен на планинското трчање

Планинскиот филмски фестивал Ехо, во соработка со здружението TREX и ПСД Макпетрол на 4-ти
април 2014 година, организираа настан кој беше целосно посветен на планинското трчање. Преку
кратки видеа, филм и претставници од македонските планински тркачи, а под диригентската палка
на Трајче Панковски, имавме супер можност сите заедно да уживаме во 4-часовна програма која
послужи за промоција и подобро претставување и запознавање со овој спорт.

Преку тие видеа од разни краишта на светот, имвме супер можност да се запознаеме со луѓе како
нас – кои организираат трки, се натпреваруваат или само уживаат во трчањето по планинските
патеки, поминуваат долги растојанија по пустини, се подготвуваат во своите блиски локалитети и
покрај разно-разните секојдневни обврски – го работат овој спорт со голема љубов и посветеност
и тивко, но моќно инспирираат!

Презентацијата се одржа во киното Фросина во МКЦ.