„Демнејќи го Чернобил: истражување по апокалипса“, Иара Ле, САД, 2020, 57’

„Демнејќи го Чернобил: истражување по апокалипса“, Иара Ле, САД, 2020, 57’

Овој документарец ја истражува „андерграунд“ културата во забранетата зона на Чернобил. Три децении по познатата нуклеарна катастрофа, овој мистериозен пејзаж каде дрвјата и дивите животни ја запоседнуваат територијата напуштена од луѓе - станува цел на многу различни типови на луѓе: од екстремни спортисти, уметници, тур-оператори...

И покрај тоа што луѓето кои ја преживеале катастрофата, упорно се обидуваат да го разоткријат неискрениот владин обид да го прикрие обемот на тој ужас, како и тоа што човештвото се соочува со нови нуклеарни инциденти, како на пример тој во Фукушима - Чернобил станува бизарна туристичка атракција, привлекувајќи ги трагачите кои сакаат да ја вкусат пост-апокалиптичноста.

Партнери

Поддржано од

Член на: