"#TO_BE", Гржегорж Јан Липиец, Полска, 2022, 54’

"#TO_BE", Гржегорж Јан Липиец, Полска, 2022, 54’

Уметнички филм на Маја Пјетражевска-Копер и Гржегорж Липиец. Комбинацијата на нивните уметнички визии, чувствителност и раскажувачки стилови, низ фотографија, музика, графика и анимација - дава изненадувачки ефект. Креативците го соочуваат со гледачот еден од најпознатите личности и еден од најуспешните полски алпинисти - Кшиштоф Вјелицки, но тие тоа го прават прикажувајќи ја приказната во позадината: прикажувајќи го овој човек од планините, како заминува и се враќа дома.
Ова е филозофска приказна за пријателство, партнерство и природа, но и восхитувачко виртуелно патување до 14те планини повисоки од 8000 метри, без тагување - со почит кон луѓето и природата. Гледајќи го филмот, гледачот го придружува Вјелицки во неговите искачувања на највисоките планини во светот, но и оди во неговата зеленчукова градина. И почнува да се прашува што е поважно...

Партнери

Поддржано од

Член на: