„Арлберг ефектот“, Тим Шродер/Даниел Беар, Австрија, 2022, 15’

„Арлберг ефектот“, Тим Шродер/Даниел Беар, Австрија, 2022, 15’

Арлберг е многу важно место за скијачите и бордерите кои сакаат да уживаат надвор од ски патеките. Фрирајдот има голема историја овде и теренот бил извор на многу атлети од светска класа.
Авторите поминуваат една зимска сезона со Лорен Хубер, Надин Валнер, Штефан Хаусл, Дино Флац, Себастиан Мал и Микаела Холстен – во нивниот дом и нурнуваат во нивната перспектива. Спортот од секогаш бил витална алка за културата и развојот на овој скијачки град. Што тој значи за локалците и што е тоа што ги понесува?
Овој филм не е само визуелно задоволувачка приказна, туку пред се’ автентично претставување на фрирајд заедницата на Арлберг – снимен за време на сезоната 2021/22. Неговиот наслов, „Арлберг ефектот“, е израз во жаргонот на фрирајдерите, со кој се кажува дека нивото на лавинска опасност кое се користи како предупредување во овие често користени области близу ски патеките – може да се смета и до половина од тоа издадено предупредување. Областа на Арлберг се користи во името на овој израз, поради огромниот наплив на фрирајдери таму – бројка на скијачи кои активно ги менуваат условите на планината. Секако ,секое предупредување за лавинска опасност, мора да се разгледува од случај во случај.

Партнери

Поддржано од

Член на: