„Враќање на Алјаска“, Беат Биери, Швајцарија, 2022, 69’

„Враќање на Алјаска“, Беат Биери, Швајцарија, 2022, 69’

35 години, швајцарско-канадскиот истражувач на мечки, Рено Зомерхалдер, се враќа повторно и повторно во изолираните предели на Алјаска - во старите шуми на Тонгас, познати уште како Амазонот на Северна Америка.

Ова лето, Рено сака да стане уште поинтимен со оваа дивина, обидувајќи се колку што може повеќе, целата своја храна да ја собере од природата - како што тоа го прават мечките. Лососот е основата. Покрај ракчиња и друг воден свет, тој собира уште и овошки и печурки, но и избор на корења. Но, за време на патувањето, тој увидува дека Тонгас се менува: и овде се топат глечерите, виталните движења на лососот се нередовни - а мечките ги има се’ помалку.

Партнери

Поддржано од

Член на: