„20000 метри под Земјата“, Фреди Рокенхаус, Германија, 2021, 90’

„20000 метри под Земјата“, Фреди Рокенхаус, Германија, 2021, 90’

Неверојатна авантура во паралелен свет, длабоко под површината на Земјата. Петмина истражувачи не’ земаат на ексклузивно патување во најпредизвикувачките пештери во светот. „Огромното нешто“ е најголемата и најпозната пештера во баварските планини, во Германија. Од влезот во пештерата се симнува вертикала од 1000 метри - надолу покрај восхитувачко стрмни ѕидови.

Мисијата на спелеолозите е јасна: да се најде излезот на пештерата (ако такво нешто воопшто постои) во тој магичен свет 20000 метри под Земјата. Потрагата трае многу денови - низ бизарна и неверојатна сценографија, која личи како сцена од „Господарот на прстените“ или од приказните на Жил Верн.

Оваа пештера доби големо внимание од светската јавност, кога во 2014 година, еден од истражувачите преживеа голем одрон. Во двете недели кои следуваа, операцијата за спасување беше покривана од меѓународен тим на новинари. Тоа беше една од најсилно планираните спасувања кое било кога било изведено во Европа.

Партнери

Поддржано од

Член на: