„Бел сон“, Матиј Ле Ла, Франција, 52’

„Бел сон“, Матиј Ле Ла, Франција, 52’

Вљубен во фотографијата и студот, фотографот на диви животни, Жереми Вије, патува сам низ белите пустини на северната хемисфера, со својата санка и телеобјектив, барајќи животни кои го преживуваат екстремниот студ.
За време на неговата последна експедиција во канадскиот север, тој тргнува да го истражува дивиот и екстремен регион Јукон, со крајна цел - да ја фотографира легендарната планинска коза. Тежината да се пристапи до планинските територии каде се развива ова животно, како и смрзнувачките температури - оваа експедиција ја прават предизвикувачка.
Носен од авантурите и уникатните средби помеѓу човекот и животните, овој документарец ни дозволува да влеземе во интимата на фотографот и деликатно да му се приближиме на овој свет кој се менува.

Партнери

Поддржано од

Член на: