Искачување

„Искачување“, Роберт Бин, Италија, 2021, 16’

Овој филм ја раскажува приказната за обидот на Матео Манфрон, да постави рекорд на предизвикот „Џенова – Мон Блан“. Овој предизвик е со должина од околу 300км и всушност го носи предизвикувачот од Џенова до Курмаер со велосипед, а потоа пеш – на искачување до врвот на Мон Блан.

Филмот става акцент на важноста на тимската работа и прифаќањето и ги претставува сите аспекти од тоа што значи да се превземе еден предизвик, а не само победувањето.

„Искачување“ е посветен како на искачувањето преку сопственото битие – преку превземање предизвици, така и на искачувањето од аспект на големата надморска висина која треба да се искачи од Џенова – до највисоката планина во Европа.

 

 

Партнери

Поддржано од

Член на: