Миртл Симпсон – живот на мраз

„Миртл Симпсон – живот на мраз“, Ли Ен Сајдс, САД, 2019, 34’

Пионер, авантурист, алпинист, истражувач, писател, мајка – Миртл Симпсон. Во 2017 година, после повеќе од 50 години откако стана првата жена која го поминала поларниот мраз кој го прекрива Гренланд, и’ беше доделена Поларната Медала – подарок од Кралицата Елизабета Втора, како благодарност за нејзината улога на Арктикот. Во 2018 година, Нешнл Географик ја опиша како една од четирите жени кои ги надминале очекувањата со своите истражувања во светот. Животот ја носи Миртл околу светот на патувања во кои таа инсистираше со нејзе да дојдат и нејзините четири деца – патувања за време на кои таа и сопругот Хју ја живееја својата работа и пасија. Миртл беше ставена под тешки критики поради „носењето на децата во такви опасни нешта“, но таа дефинитивно издржа под тој притисок, кажувајќи им на медиумите дека овие искуства ги збогатиле животите на нејзините деца во огромна мера повеќе во споредба со секојдневието во Глазгов. Од Шпицберген до Гренланд, од Северниот пол до планините во Шкотска, од Нов Зеланд до Перу – Миртл одеше свој, уникатен пат. Таа искуси места за кои повеќето луѓе може само да сонуваат, напиша 13 книги, собираше примероци за музејски ботанички колекции и одгледа четири деца. Денес, таа на 89-годишна возраст, сеуште се натпреварува во ски натпревари, планинари, вози велосипед и плива – верувајќи дека допрва ќе следуваат уште авантури...




Поддржано од:

Спонзорирано од:

Член на: