Умствена рамка

„Умствена рамка“, Џеф Томас, Канада, 2021, 11

Скромен, гостопримлив и пријатен соговорник, Сем Куч е дело на своето опкружување. Роден и израснат во помалку познатиот предел, „Кутенејс“, познат по заедницата исполнета со пасионирани скијачи
 и одлично подготвени и негувани ски центри. Тоа е живописен рај, исполнет со пудрест снег, кој го оформи и инспирираше Сем и му дозволи на брз начин да достигне нови височини. Од појавување на страните на Тојота Канада и Форест Ски списанието, до наградуваните сегменти во филмовите на МСП и Блек Колектив – Сем секогаш сака да даде до знаење дека неговото растење во заедница со истомисленици, му било клучна инспирација до го однесе скијањето на соодветно високо ниво. Преку овој краток филм, се прави обид да се прикаже токму тоа: што помогнало во тоа Сем од скијач во мал град, да стане суперѕвезда во индустријата...

Партнери

Поддржано од

Член на: