Од северот

„Од северот“, Ник Мартини, САД, 2019, 20’

Во суровите Бели планини во северните делови на Њу Хемшир, Лахут останува отворен 365 дена во годината, уште од 1920 година. Додека технологијата и конгломератите ја соголија земјата од локални, независни продавачи, фамилија на имигранти од Либан – издржала веќе еден век, преживувајќи ја Големата депресија, Втората светска војна, растот на интернет продажбата и Големата рецесија. Семејството и нивните вработени, практично го имаат поминато сиот свој живот во оваа продавница, а филмската екипа пристигнува во чест на нивната 100-годишнина - во ранлив период. Патриархот на семејството, Џо Лахут Сениор е во интензивна битка со својата возраст. Скијајќи, тренирајќи и патувајќи и во своите 90ти години, Џо почнува да има проблеми со својот распоред на рехабилитација и медикаменти, па неговиот внук, Ентони Лахут, се враќа дома, да му помага. Поминувајќи време со него, Ентони почнува да ја проучува подобро својата линија на потекло и изворот на успехот на продавницата на неговото семејство. Со приближувањето на 2020 година, семејството се соочува со реалноста на „живот без Џо“ и тоа ги потресува сите. Филмот се обидува да ја прикаже нацијата на хештегови, наместо историја и раскажува кратка безвременска приказна за реализирање на „американскиот сон“ и за семејство кое ја стави цела една заедница на скии. И после 100 години, „Лахут“ сеуште е семеен бизнис, кој го води веќе четвртата генерација на тоа семејство, а низ прикажаните моменти од минатото и сегашноста, ја гледаме вистинската причина за успешната приказна...

 

Поддржано од:

Спонзорирано од:

Член на: