Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

Бине Жалохар (Словенија) со презентација: НЕДОПРЕНОТО

На ЕХО ни гостуваше и 29-годишниот професионален фрирајдер од Словенија, Бине Жалохар. Бине е седумкратен БигЕр шампион на Словенија и скијач кој е редовен учесник на повеќе реномирани светски фрирајд и фристајл натпревари како Red Bull Linecatcher и други. Тој е и основач на проектот Untouched (Недопрено), кој поврзува повеќе искусни скијачи и сноубордери кои трагаат по недопрени планински врвови во зима. 

Бине ни ја презентираше неговата најголема пасија во животот, а тоа е активниот живот во планините. Тој вели: „Подарокот на планините треба да се истражува, а нашето его да се заузди....“

Партнери

Поддржано од

Член на: