Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

Никлас Холстен (Финска) професионален сноубордер

На 7то издание на ЕХО гостин беше и најдобриот сноубордер во Финска, Никлас Холстен (роден 1983). И покрај неговите почетоци во фристајл и бордеркрос, денес тој се натпреварува само во фрирајд натпревари. Никлас е првиот Финец кој учествувал во квалификациите за Фрирајд ворлд тур, на кои во 2010 го освоил третото место. Истата година победил на скандинавскиот фрирајд шампионат. Во 2012 победил на Австрискиот фрирајд куп, а во 2016та година станува и шампион на Финска во фрирајд. Заедно со својата сопруга Нивес и хаските Лангоре и Шила, во последните години Никлас го формира „Тим Холстен“ (http://www.teamhollsten.com) со кој патуваат низ светот во зимските месеци и избираат атрактивни линии за искачување и спуштање. Минатата година беа и во Македонија, ги искачија врвовите Кораб и Кепи Бард, и заедно со Томе Котески и Методи Чилиманов спуштија прва линија по Кепи Бард.

Никлас на ЕХО ни долови мал дел од неговиот живот на професионален сноубордер и авантурист, а имавме можност и премиерно да го погледнеме филмот на Тимот Холстен насловен „After you“, кој делумно е снимен и во Македонија. 

Ова гостување беше помогнато од Algasan.

Партнери

Поддржано од

Член на: